Артур Рембо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Жан Никола Артур Рембо (француски: Jean Nicolas Arthur Rimbaud; 20. октомври 1854. - 10 ноември 1891 ) — француски поет, познат по неговото влијание врз модерната литература и уметност, а особено надреализмот. Тој почнал да пишува на многу рана возраст и беше одличен студент, но се откажа од формалното образование во неговите тинејџерски години и побегна среде Француско-пруската војна. По побегнувањето, за време на неговата доцна адолесценција и раните зрели години, тој ги напиша неговите најпознати дела, но потполно престана да пишува на возраст од 21, по составувањето на едно од неговите главни дела, Илуминации.
Артур Рембо | |
---|---|
Артур Рембо на 17 години | |
Роден/а | 20 октомври 1854 Шарлевил, Франција |
Починат/а | 10 ноември 1891 Марсеј, Франција |
Занимање | Поет |
Националност | Французин |
Жанр | Лирски песни, Лирска проза |
Книжевно движење | Симболизам |
Рембо бил познат како развратник и немирна душа, и бил во понекогаш насилна романтична врска со поетот Пол Верлен, која траела речиси две години. По завршувањето на неговата книжевна кариера, тој патувал на три континенти како трговец пред неговата смрт од рак на возраст од 37. Како поет, Рембо е добро познат по неговите придонеси кон симболизмот и неговото дело Престој во Пеколот се смета за значаен претходник на модернистичката литература.[1]
Иако сѐ што напишал е во период од само три години (од неговата 16. до 19. година), неговото влијание на модерната литература, музика и уметност е огромно, распространето и од непроценлива вредност.