Архитектонско цртање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Архитектонско цртање или цртежите на архитектот — техничко цртање на градба или проект за градба што спаѓа во дефиницијата за архитектура. Архитектонските цртежи се користат од страна на архитектот и другите за голем број цели: да се развие идеја на дизајнот во еден кохерентен предлог, да се соопшти идејата и концептот, да се убеди клиентот на основаноста на дизајнот, да му овозможи на изведувачот на градбата да ја конструира правилно, како запис за завршена работа или како запис за градба која веќе постои.
Архитектонските цртежи се направени според збир на конвекции кои вклучуваат одредени изгледи (план на кат, оддел и слично), големина на листот, единици за мерење и размери, анотација и унакрсно референцирање. Вообичаено цртежите се направени со мастило на хартија или сличен материјал и сите копии се прават исклучиво рачно. Дваесеттиот век го замени цртањето на паус хартија, така што механичките копии ќе се избегнат ефикасно.
Развојот на компјутерите игра голема улога во методите кои се користат за дизајнирање и создавање технички цртежи,[1] правејќи го мануелното цртање речиси надминатои отворајќи им нови можности на формите користејќи органски облици и комплексна геометрија. Денес поголемиот дел од цртежите се создадени со КАД Софтвер[2]