Астрометрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Астрометрија е гранка на астрономијата која се однесува на прецизно мерење и објаснување на позициите и движењата на ѕвездите и останатите небесни тела. Иако еднаш е наречена „езотерична“ и не многу корисна, сепак информациите што се добиваат преку астрометрија денес се многу важни за истражувањата на кинематиката и физичкото потекло на нашиот Сончев Систем и нашата галаксија, Млечен Пат.