Атина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Атина (грчки: Αθήνα, Ати́на МФА: /a'θina/) —главниот и најголемиот град на Грција, како и родното место на демократијата. Именуван по божицата Атена, Атина е растечка, космополитанска метропола со население од 3,7 милиони жители. Метрополитанската област на Атина моментално расти северно и источно преку полуостровот Атика и го претставува доминантниот центар на економскиот, финансискиот, индустрискиот, културиниот и политичкиот живот во Грција. Градот исто така станува водечки бизнис центар во Европската Унија.
Атина Αθήνα | ||
---|---|---|
Атина | ||
| ||
Координати: 37°58′N 23°43′E | ||
Земја | Грција | |
Област | Атика | |
Округ | Атина | |
Населби | 7 | |
Управа | ||
• Градоначалник | Никитас Какламанис (НД; од 1 јануари 2007) | |
Површина | ||
• Градска | 38,964 км2 (15,044 ми2) | |
• Градска | 411,717 км2 (158,965 ми2) | |
• Метро | 2.928,717 км2 (1,130,784 ми2) | |
Најг. вис. | &10000000000000338000000338 м | |
Најм. вис. | &1000000000000007000000070 м | |
Население (2001)[1] | ||
• Градско | 745.514 | |
• Густина | 19/км2 (50/ми2) | |
• Градскo | 3.130.841 | |
• Градска | 7,6/км2 (20/ми2) | |
• Метро | 3.686.371 | |
• Метро | 1,3/км2 (3,3/ми2) | |
Часовен појас | EET (UTC+2) | |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | |
Пошт. бр. | 10x xx, 11x xx, 120 xx | |
Повик. бр. | 210 | |
Рег. таб. | Yxx, Zxx, Ixx (не вклучувајќи го INx) | |
Мреж. место | www.cityofathens.gr |
Античка Атина била моќна град-држава и реномиран центар на учењето, дом на Платоновата Академија и Аристотеловиот Ликеј. Се смета дека е лулката на западната цивилизација, воглавно поради големиот удар на нејзините културни и политички достигнувања за време на V и IV век пред нашата ера врз остатакот од тогаш познатиот европски континент. Наследството на атињанското просветление е сѐ уште воочливо во градот, портретирано низ број на спектакуларни антички споменици и слики, најпознатите од кои се Партенон на Акропол („висок град“), израснат од Иктин, Каликрат и Фидиј. Последниот е општоприфатен како еден од најдобрите примери за класичната архитектура на Стара Грција и сѐ уште претставува епско наследство за западот, впрочем и за остатокот од светот. Многу од овие културни знаменитости биле реновирани пред Олимписките игри 2004.