Бантоидни јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бантоидните јазици се гранка на бенуе-конгоанската група на нигер-конгоанските јазици. Поимот се појавил во 1895 и подразбирал јазици кои имаат сличности во лексиконот со банту-јазиците. Подоцна, во „Јазиците на Африка“ (1963), американскиот јазичар Џозеф Гринберг ги дефинира како групата во која припаѓаат потесните банту-јазици заедно со ним најблиските околни јазици. Денес поимот се употребува во овој смисла.
Бантоидни јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | потсахарска Африка, но не позападно од Нигерија |
Класификација: | нигер-конгоански
|
Гранки: |
мамбилоидна
?ндоро–фам
?дакоидна
?тикарска
|
Северозападната граница на Банту (кафеаво) и другите бантоидни јазици (силно и умерена портокалова) во Нигерија и Камерун |
Во 1989 е предложена поделба на бантоидните јазици на северни и јужни.[1] Според предлогот, мамбилоидните и дакоидните јазици ја сочинуваат северната, а сите останати влегуваат во јужната група. Оваа класификација ја користи и Ethnologue. Исправноста на северната група е под прашање, а дакоидните денес во многу дела не се сметаат за бантоидни јазици. Јужната група е неоспорлива генетска целина. Во неа спаѓа познатото и многубројно потсемејство банту.