Барселона
главен град на Каталонија, Шпанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Барселона (каталонски и шпански: Barcelona) — главен и најнаселен град во Автономната заедница Каталонија и втор по големина град во Шпанија со население од 1.615 908 жители во 2008 година. Барселона е единаесетта по ред најнаселена општина во Европската Унија и шеста најгусто населена урбана област во Европската Унија по Париз, Лондон, Областа Рур, Мадрид и Милано со население од 4.185 000.[1] 4. 9 милиони жители живеат во метрополитскиот дел на Барселона.[2][3][4] Ареа Метрополитана Барселона (АМБ) е составена од соседни градови и општини со население од 3.186 461 на простор од 636 км2 (со густина на населеност 5010 жители на км2).
Барселона | |||
|
|||
Место | |||
---|---|---|---|
Координати | |||
Часовен појас | CET (GMT +1) CEЛT (GMT +2) | ||
Општи податоци | |||
Име - изворно |
Барселона Barcelona | ||
Прекар | Град на грофовите Ciutat Comtal | ||
Поштенски број | 08001–08080 | ||
Повикувачки број | 34 (Шпанија) + 93 (Барселона) | ||
Празник на градот | Св. Мерсе, 24 септември | ||
Официјална страница | bcn.cat | ||
Управа | |||
Држава | Шпанија | ||
Автономна заедница | Каталонија | ||
Покраина | Барселона | ||
Административна распределба | 10 | ||
Населби | 45 | ||
Градоначалник | Jordi Hereu i Boher (ПСЦ) | ||
Географија | |||
Површина | 100,4 км² | ||
Надморска височина | 12 м | ||
Население | |||
Население | 1.605.602 (2006) | ||
Густина | 15 969 ж/км² (2006) | ||
Таа се наоѓа на средоземниот брег (41°23′N 2°11′E) во устието на реките Џубрегат и Базос, а на запад се граничи со гребенот Сера де Колсерола ( 512 м/ 1680 стапки).
Барселона е признаена за глобален град поради нејзината голема улога во финансиите, трговијата, медиумите, забавата, уметностите и меѓународната трговија.[5][6] Барселона е главен економски центар со едно од најзначајните средоземни пристаништа, додека пак Меѓународниот Аеродром Барселона е втор по големина после Аеродромот Барахас во Мадрид. Основан како римски град, Барселона станала главен град на грофовите од Барселона. По спојувањето со Кралството Арагон, таа станала еден од најзначајните градови во него. И покрај тоа што честопати била освојувана во историјата, денес Барселона е значаен културен центар и главно туристичко одредиште со богато културно наследство. Особено добро познати се архитектонските дела на Антони Гауди и Луис Доменак Монтанер чии дела денес се под заштита на УНЕСКО. Од неодамна градот стана познат по Летните олимписки игри од 1992 година. Седиштето на Сојузот на средоземните краушта е сместено во Барселона.
Како главен град на Каталонија, во Барселона се наоѓа седиштето на Каталонската влада, позната како Генералитат де Каталунја. Доста важни институции се и извршната власт, парламентот и Врховниот Суд на Каталонија. Градот е исто така домаќин на „Барселонес комарса“.