Биоакумулација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Биоакумулација – постепено натрупување на материи, како што се пестицидите или други хемикалии, во организмот.[1] До биоакумулација доаѓа кога организмот ја апсорбира супстанцата побрзо отколку што таа се губи со катаболизмот и системот за излачување. Значи, колку што биолошкото полувреме на елиминација на токсичната материја е подолго, толку е поголем ризикот од хронично труење, дури и ако количините на токсин во опкружувањето не се многу високи.[2] Биоакумулацијата, на пример кај рибите, може да се предвиди со модели.[3][4] Податоците не ја поддржуваат хипотезата за критериумите за одредување на големината на молекулите за употреба како потенцијален показател на биоакумулацијата.[5] Биотрансформацијата може снажно да ја модифицира биоакумулацијата на хемикалии во организмот.
Биоакумулацијата се однесува на внесување на сите извори заедно (на пр. вода, храна, воздух, итн.), додека биоконцентрацијата се однесува на внесување и акумулација на некоја супстанца само од водата.[1]