![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c8/Himnusz.jpg/640px-Himnusz.jpg&w=640&q=50)
Химна на Унгарија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Химна — песната која започнува со Isten, áldd meg a magyart слушниⓘ (Боже, благослови го Унгарецот) —официјалната државна химна на Унгарија. За таква е прифатена во 1844 година[1], по што традиционално, првата строфа се пее на официјалните церемонии. Текстот е напишан од Ференц Келчеи, еден од најпознатите унгарски поети, во 1823, а музиката која денес се смета за официјална е додадена од романтичарскиот композитор Ференц Еркел. Исто така, постојат и низа други помалку познати верзии на мелодијата. Првобитното нејзино име е „Hymnus, a magyar nép zivataros századaiból" (Химна, од бурните векови на унгарската нација). Иако може да се сретне и ова име, денес, тоа ретко се користи. Често се вели дека поднасловот бил своевремено додаден со цел да се избрише јасната поврзаност на песната со сегашност за да може да се избегне австриската цензура.
макед. Химна | |
---|---|
![]() Текстот и нотите на химната. | |
национална химна на ![]() | |
Текст | Ференц Келчеи, 1823 г. |
Музика | Ференц Еркел |
Усвоена | 1884 |
Звучен извадок | |
инструментална верзија | |
Песната со име „Szózat" (Проглас), која е напишана од Михај Верешмарти и која започнува со зборовите Hazádnak rendületlenül légy híve, óh magyar (На родината непоколебливо / биди ѝ предан, о Унгарецу) ужива речиси еднаква социјална популарност и прифатеност како и „Himnusz", без разлика на тоа што само "Himnusz" е спомната во унгарскиот устав. Всушност, традиционално, „Himnusz“ се пее на почетокот на церемониите, а „Szózat“ на крајот.
Признание му е оддадено и на Rákóczi March, кратко инструментално дело од непознат композитор, кое се свири во воени погоди, како и на песната Nemzeti dal напишана од Шандор Петефи.
Официјалната радио станица Радио Кошут ја свири Himnusz секој ден десет минути по полноќ, а истото го прават и телевизиските канали по завршувањето на нивната дневна програма.