Боза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бозата — освежителен практично безалкохолен (1%) пијалак кој се добива со ферментација на брашно од пченица или просо, шеќер и квасец. Овој пијалак може да се најде во повеќето македонски слаткарници, и постана традиционален македонски пијалак. Луѓето кои го прават овој пијалак ги нарекуваат бозаџии. Рецептот за овој пијалак е стар стотици години а кај нас е пренесен со поробувањето од страна на Отоманското Царство.
Покрај Македонија, овој пијалак стана традиционален и во другите балкански земји во состав на Отоманското Царство како Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина а посебно во Албанија и Турција. Македонската боза се разликува од останатите по тоа што е посветла и има посладок вкус.