Бразил на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бразил првпат учествува на Олимписките игри во 1920 година,[1] и од тогаш се испраќани спортисти на сите Летни олимписки игри, освен на Олимпијадата во 1928 година. Исто така Бразил е учесник и на Зимските олимписки игри од 1992 година, иако досега ниеден бразилски спортист нема освоено награда на зимските спортови.
Бразил на Олимписките игри | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||||
|
||||||||||||
Зимски олимпијади | ||||||||||||
Бразилските спортисти освоиле вкупно 108 медаљи, вклучувајќи ги медаљите во одбојка, едрење и џудо. Најголем број медаљи имаат освоено на игрите од 2012 година, 17, а најголем број златни медаљи во 2004 година - 5. Еден бразислки спортист е награден и со медаљата Пјер де Кубертин.
Националниот олимписки комитет во Бразил е Бразилски олимписки комитет, формиран во 1914 година. Во 2009 година, Рио де Жанеиро е избран за град домаќин на Олимписките игри во 2016 година.[2]