Брајан Џозефсон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Брајан Џозефсон,(4. јануари 1940.)[2] — велшки теоретски физичар и почесен професор по физика на Кембричкиот универзитет[5]. Најдобро познат по неговата пионерска работа на суперспроводливоста и квантното тунелирање, тој бил награден со Нобеловата награда за Физика во 1973 година за неговото предвидување на Џозефсоновиот ефект, предвиден во 1962 година кога бил 22 годишен студент на Кембричкиот универзитет. Џозефсон е единствениот велшанин кој освоил Нобеловата награда за Физика. Нобеловата награда ја поделил со физичарите Лео Есаки и Ивар Јевер кои поделиле половина од наградата за нивната работа на квантното тунелирање.[6]
Брајан Џозефсон | |
---|---|
Роден(а) | Брајан Дејвид Џозефсон 4 јануари 1940(1940-01-04) (84 г.) Кардиф, Велс |
Установи |
|
Образование | Кембрички универзитет |
Теза | „Нелиниска спорводливост во суперпроводниците“ (1964) |
Докторски ментор | Брајан Пипард[1] |
Познат по | Џозефсонов ефект |
Поважни награди |
|
Сопружник | Керол Ен Оливие (в. 1976)[3] |
Деца | една ќерка[3][4] |
Страница | |
tcm.phy.cam.ac.uk/~bdj10 |
Џозефсон академска кариера ја минал како член на групата „Теорија на кондензирана материја“ во Кевендишовата лабораторија на Кембриџ. Тој е соработник на Тринити колеџ од 1962 година, и работел како професор по физика од 1974 до 2007 година.[6]
Во раните 1970-ти Џозефсон се занимава со трансцендентална медитација и го посветува своето внимание на проблеми надвор од параметрите на науката. Тој воспоставил проектот за обединување на материјата и интелегенцијата во Кевендишовата лабораторија со цел да се истражува идејата на интелигенцијата во природата, врската помеѓу квантната механика, свеста, синтезата на науката и источниот мистицизам, попознат како квантен мистицизам.[7] Овие интереси придонеле тој да даде поддршка и на теми поврзани со парапсихологијата, памтење на водата, ладно соединување со што стана центар на критиките на другите научници.[6]