Бродска Клисура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бродска Клисура — клисура на реката Треска што се протега помеѓу с. Преглово во Кичевската Котлина и градот Македонски Брод. Долга е 7,5 км и всечена е меѓу планините Песјак од север и Бушева Планина од југ. Тлото е составено од шкрилци создадени во палеозоикот.[1]
Двете страни на клисурата се прилично стрмни, што ја прави многу погодна за изградба на вештачко езеро.