Бурса
град во Турција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Бурса (турски: Bursa) — град во Мраморскиот регион во Турција и главен град на истоимената провинција. Бурса се наоѓа во северозападниот дел на Анадолија и е четврти најнаселен град во Турција и еден од најголемите градски центри во земјата.
Bursa | |
---|---|
Град | |
Бурса | |
' | |
Местоположба на Бурса | |
Координати: 40°11′N 29°03′E | |
Земја | Турција |
Регион | Мраморен регион |
Покраина | Бурса |
Settled | 5200 BC |
Управа | |
• Гувернер | Изетин Ќучук |
• Градоначалник | Реџеп Алтепе |
Површина | |
• Град | 1.036 км2 (400 ми2) |
Надм. вис. | &10000000000000100000000100 м |
Население (2015)[1][2] | |
• Град | 2,340,000 |
• Густина | 1.508,52/км2 (390,700/ми2) |
• Метро | 2,842,000 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Поштенски код | 16000 |
Повик. бр. | (+90) 224 |
Регистарски таблички | 16 |
Мреж. место | www.bursa.bel.tr |
Службен назив: Бурса и and Кумаликизик: Раѓање на Отоманското Царство' | |
Тип: | Cultural |
Критериуми: | i, ii, iv, vi |
Прогласено: | 2014 (38th session) |
Број | 1452 |
Земја: | Турција |
Регион: | Европа |
Бурса бил вториот главен град на Османлиското Царство во приодот од 1335 до 1363 година. Во градот се наоѓаат гробниците на првите османлиски султани, како и бројни објекти изградени во текот на отоманскиот период. Освен тоа, во градот се наоѓаат неколку археолошки наоѓалишта, музеи и бањи. Градот бил познат како Худавендигар (отомански: خداوندگار) што во превод значи „Божји дар„ за време на отоманскиот период, додека поновиот прекар Јесил Бурса што значи во превод „Зелена Бурса“, градот го добил според своите паркови и градини кои се наоѓаат во рамките на градот, како и големата и разновидна шума на околниот регион. Во близина на градот се наоѓа ски-центар, на планината Улидаг. Планината од страна на Римјаните била позната како Мисијан. Бурса е исто така е дом на некои од најпознатите турски јадења. Во градот се наоѓа универзитетот Улудаг.
Во 2015 година, Бурса имал население од 2.340.000, додека провинцијата Бурса имала 2.842.000 жители.[1][2]