Уредувачкото војување настанува како последица на несогласување помеѓу уредувачите за тоа каква треба да биде содржината на статијата. Тие наизменично ги враќаат уредувањата на другиот наместо да се обидат да го разрешат спорот преку дискусија. Уредувачкото војување е неконструктивно и предизвикува анимозност помеѓу уредниците, со тоа отежнувајќи го постигнувањето на консензус. Корисниците кои активно се вклучени во уредувачка војна ризикуваат да бидат блокирани, па дури и банувани. Имајте на ум дека уредникот кој постојано ја обновува својата верзија на статијата исто така е учесник во уредувачка војна, без разлика дали се оправдани неговите уредувања. Изговорот дека „неговите уредувања биле корисни“ не треба да служи како оправдување за таквото однесување.
|
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор. |
|
|
Најважното од страницава: Не го злоупотребувајте уредувањето на Википедија за пресметување со други корисници. Несогласувањата треба да се надминат преку дијалог. |
Повеќе информации Петте столба, Начела за поведение ...
Затвори
Постои јасна граница позната како „правило на тројно враќање“. Единечното враќање подразбира поништување на промените кои ги направил друг уредувач. Правилото „3РР“ вели дека еден уредувач не смее да поништи повеќе од три уредувања на друг корисник во период од 24 часа на една единствена статија. Секој обид за искористување на системот преку четврто враќање во период надвор од 24 часа е многу веројатно да биде третиран според ова правило. Постојат одредени исклучоци од правилото на тројно враќање, како на пример враќање на вандалски уредувања или поништување на јасни повреди на начелото за биографии на живи личности. Тројното правило е оптимален лимит во случај кога уредувачките војни се зачестена појава, но ни одблизу не го дефинира поимот „уредувачко војување“. Уредувачката војна може да трае и без да се крши тоа правило, па оттаму овие две начела не треба да се поистоветуваат.