Вестморленд (округ во Вирџинија)
округ во сојузната држава Вирџинија, САД / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вестморленд (англиски: Westmoreland County) — округ во Северен Нек во сојузната американска држава Вирџинија. Според пописот од 2000 година, округот има околу 16.718 жители и главен центар на округот е градот Монтрос. Овој округ е познат по тоа што е родно место на првиот американски претседател - Џорџ Вашингтон. Вашингтон е роден во тогашната населба Бриџес Крик, а овој округ е родно место и на петтиот американски претседател - Џејмс Монро, меѓу останатите видни американски општественици од Вестморленд.[1]