Википедија:Без свои истражувања
From Wikipedia, the free encyclopedia
Википедија не објавува оригинални истражувања или оригинална мисла. Ова вклучува необјавени факти, аргументи, шпекулации и идеи, и сите необјавени анализи или синтеза на објавени материјали која служи за да се дојде до некоја позиција. Тоа подразбира дека Википедија не е место каде што се објавуваат свои мислења, искуства, аргументи, или заклучоци.
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор. |
|
Најважното од страницава:
|
Цитирањето извори и избегнување на оригинални истражувања се неразделно поврзани. За да покажете дека не сте презентирале оригинални истражувања, мора да цитирате сигурни извори кои директно се поврзани со темата на статијата, а кои директно ги поддржуваат информациите како што се претставени.
„Без свои истражувања“ е еден од трите основни начела за содржината, заедно со неутрална гледна точка и проверливост. Заеднички, овие начела го одредуваат типот и квалитетот на материјалот кој е прифатлив во статии. Тие не треба да се толкуваат во изолација од еден на друг и уредниците треба да се запознаат со сите три.