Википедија:Вашата прва статија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Добре дојдовте на Википедија! Ова е водич за некои работи кои треба да ги знаете пред да ја создадете Вашата прва енциклопедиска статија. Ние ќе објасниме што е ОК, а што НЕ при пишувањето на една статија, а потоа ќе Ви покажеме како да ја создадете Вашата статија. Еве ви неколку попатни совети:
- Мора да сте зачленет корисник за да создадете нова статија. Анонимните (нерeгистрирани) корисници можат да побараат да им се создаде нова статија на страницата за помош за нови уредувачи. Можете да се зачлените овде, а да прочитате повеќе за зачленувањето овде.
- Обидете се да ги уредувате веќе постоечките статии за да го почувствувате стилот на пишување и јазикот за форматирање на текстот кој Википедија го користи. При рака можете да ја имате помошнава табела со најосновните команди за форматирање.
- Најпрво пребарајте ја Википедија за да се осигурате дека статијата за темата моментално не постои (можеби под некој друг наслов). Ако статијата веќе постои, слободно правете конструктивни уредувања кои сметате дека се потребни.
- Собирајте користена литература (наводи) која ќе ја користите и како извор(и) за Вашите информации и како доказ за значајноста на темата (зошто таа заслужува сопствена енциклопедиска статија);
- Размислете најпрво за создавање на статијата во Вашиот именски простор. Како зачленет корисник имате право на сопствен кориснички простор. Можете да ја започнете новата статија таму, во нова потстраница (како за пример, следете ја врскава: Специјални:МојаСтраница/ТестСтатија и овде создадете ја Вашата експериментална статија). Овде можете да ја оформите, да си земете доволно време и да побарате од други уредувачи помош за работење врз неа, а потоа само да ја преместите „во живо“ на Википедија кога таа е спремна.
- Запомнете дека статијата која ќе ја создадете ќе биде брзо избришана ако е неприфатлива. Волонтерите на Википедија ги патролираат новосоздадените статии веднаш по нивното зачувување.
- Статии кои не ја докажуваат својата значајност преку наведување на веродостојни објавени извори имаат голема шанса да бидат избришани.
- Не создавајте страници за себеси, Вашата компанија, Вашиот бенд или Вашите пријатели (вистински или измислени!), страници кои рекламираат (спам), лични есеи, буквални копии на проектни задачи, лични истражувања или други статии кои не би ги пронашле во една енциклопедија.
- Бидете внимателни за следново: копирање на текстови од други места (=плагијаторство), контроверзен материјал, екстремно кратки статии (на пример, само 1 реченица) и статии од локален интерес.
Вовед · Почетен курс · Помошна табела · Превод на статија · Вашата прва статија · ЧПП · Помош · Начела и напатствија
Селска чешма (Village pump) ·
Потребни статии ·
Инкубатор ·
Кандидати за избрана статија (Ревизија) ·
ВикиПроекти ·
Викисредби ·
Facebook
Одржување · Администратори · Потреба од администраторско внимание · Прашања за авторски права
![]() |
Ова е страница за помош на македонската Википедија. Ова не е енциклопедиска содржина. Видете Помош:Содржина за индекс на сите страници за помош, или оставете прашање на Селската чешма каде што можете да добивате одговори. |
![]() | Ова е страница која Ви покажува како да ја напишете Вашата прва статија, но не е местото каде што всушност ја пишувате статијата! Ако сакате да експериментирате, Ве молиме употребете го нашиот песок. |