Воспитување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Воспитувањето е процес на планско и системско усовршување на сензомоторни, интелектуални, емоционални, морални и духовни својства и способности на детето, но и на возрасниот. Како облик на социјализација, воспитувањето е насочено кон формирање на однесувањето во социјално посакуваната насока. Овој процес може да биде поединечен или групен. Сспоред својот предмет, воспитувањето може да биде физичко, интелектуално, морално, естетско или религиско.[1]
Појдовна точка во разгледување на воспитувањето и образование се состои во тоа што двата процеса меѓусебно се поврзани но се истакнува дека воспитувањето е поширок и по сеопфатен поим и процес кој во себе неминовно и кординирано го содржи процесот на образованието. Поточно може да се каже дека воспитувањето е педагошко делување на сите сфери на човековото битие, насочено на изградба и формирање на човечката личност во поширока сфера спаѓа и образованието. Обреазованието, всушност е дел од процесот на воспитување кој е насочен на стекнување на знаења и развој на практично способни личности. Иако овие два процеса се строго условени и се меѓусебно кординирани, во науката и теоријата за образованието и и воспитувањето тие се разгледуваат и проучуваат како посебни и основни педагошко-андрагошки поими и процеси. Бебето на свет доаѓа со потернцијали кои и овозможуваат да ги развива во одреден правец. Бебето е суштество во настанување.