Вратоврска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вратоврска е предмет за облекување кој го носат мажите околу вратот. Името според некои извори потекнува од зборчето „Кроате“ (Хрват), бидејќи според некои извори први ги носеле хрватски војници.[1]
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/76/Necktie.jpg/60px-Necktie.jpg)
Вратоврската најверојатно еволуирала од обичната марама околу вратот која имала повеќекратна функција, а не само украсна, односно се ставала преку лицето поради заштита од прашина во текот на јавањето, со неа се превивала и зацврстувала рана, потоа таквата марама можела да ја впива потта околу вратот или да се стави на главата како заштита од сонце. Исто така се употребувала и како филтер за филтрирање на механички нечиста вода.