Општа спогодба за царините и трговијата (англиски: General Agreement on Tariffs and Trade, GATT) — мултилатерална спогодба за слободна трговија склучена во 1947 година. Таа претставува претходничка на Светската трговска организација.

Историја

Општата спогодба за царините и трговијата била склучена во 1947 година, а со текот на времето неа ја потпишале повеќе од 100 земји кои учествувале со повеќе од 90 % во светската трговија. Основната цел на оваа спогодба била намалувањето на царините и на другите ограничувања на меѓународната трговија, како и спречување на едностраните мерки на земјите-потписнички насочени против слободната трговија.[1]

Преговорите во рамките на ГАТТ

Отстранувањето на царините и на другите пречки на слободната трговија во рамките на ГАТТ се спроведувале постепено преку неколку т.н. рунди кои претставуваат мултилатерлани преговори меѓу земјите-потписнички на ГАТТ. Од првата рунда (т.н. Женевска рунда од 1947 година) до шестата рунда (т.н. Кенедиева рунда од 1964-1967) преговорите биле насочена кон намалување на царините. Седмата рунда е позната како Токиска рунда (1973-1979) ги опфатила нецаринските ограничувања, како што се квотите. Уругвајската рунда (1986-1994) била најобемна и ги вклучила услугите и интелектуалните услуги. Истовремено, таа ја поставила основата за формирање на Светската трговска организација.[2]

Наводи

Литература

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.