Надворешна трговија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Надворешната трговија (англиски: Foreign trade) ги опфаќа продажбата (извозот) и купувањето (увозот) на производи и услуги меѓу земјата и странство. Вкупната вредност на извозот и увозот на една земја се бележи во билансот на меѓународните плаќања, и тоа во трговскиот биланс.
Податоци за меѓународната трговија
Во 2023 година, вкупната вредност на меѓународната трговија во светот изнесувала 23 784 милијарди долари.[1]
Remove ads
Надворешна трговија на Македонија
Табела 1: Извоз на Македонија според економски групации (во илјади долари).[3]
Табела 2: Увоз на Македонија според економски групации (во илјади долари).[4]
Табела 3: Земји со најголем обем на трговска размена со Македонија во 2013 година (во илјади долари).[5]
Во 2014 година, вкупната надворешно-трговска размена на Македонија со светот изнесувала 12,2 милијарди долари. Притоа, вредноста на македонскиот извоз изнесувала 4.933.845.000 долари, додека увозот достигнал вредност од 7.276.729.000 долари. Како последица на тоа, покриеноста на увозот со извоз била само 67,8%, односно во трговијата со странство, Македонија остварила дефицит од 2.342.884.000 долари. Во однос на 2013 година, извозот пораснал за 15,6%, додека увозот се зголемил за 10,3%. Во вредноста на извозот, најголемо учество имале катализаторите, фероникелот, спроводниците за палење на возила, производите од челик и железо, како и облеката. На страната на увозот, најмногу биле застапени: нафтените деривати, маслата од битуменозни материјали, платината и нејзините легури и електричната енергија. Дури 76,6% од извозот бил наменет за земјите од ЕУ, а 14% отишол во земјите од Западен Балкан. Земјите од ЕУ доминирале и во вредноста на македонскиот увоз, со 63,5%. Најголеми трговски партнери на Македонија биле: Германија, Британија, Грција, Србија и Италија, кои учествувале со дури 51,7% во вкупната трговска размена.[6]
Во 2015 година, вкупната вредност на надворешнотрговската размена на Македонија со светот изнесувала 9.828.165.000 евра (10.889.801.000 долари), од кој на извозот отпаѓале 4.051.230.000 евра (4.489.934.000 долари), а увозот изнесувал 5.776.935.000 евра (6.399.867.000 долари). Во 2016 година, вредноста на надворешната трговија достигнала 10.435.994.000 евра (11.544.649.000 долари), од кои извозот бил 4.329.267.000 евра (4.787.199.000 долари), а вредноста на увозот изнесувала 6.106.727.000 евра (6.757.450.000 долари). Во овие две години, најголемите трговски партнери на Македонија биле: Германија, Британија, Србија, Грција, Италија, Бугарија, Кина, Турција, Романија и Белгија.[7]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads