Гварански јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гваранскиот јазик (avañe'ẽ, шпански: Guaraní) или познат како парагвајски гварански јазик — староседелски јазик во Јужна Америка кој е дел од семејството на туписки јазици. Гваранскиот е еден од службените јазици во Парагвај, каде се зборува од мнозинското население и половина од руралното парагвајско население зборува само на гварански[2] Покрај Парагвај, јазикот се зборува во соседните држави, поточно во северна Аргентина и југозападен Бразил. Во аргентинската покраина Кориентес гваранскиот јазик е службен јазик[3].
Гварански јазик | |
---|---|
avañe'ẽ | |
Изговор | ʔãʋ̃ãɲẽˈʔẽ |
Застапен во | Аргентина, Бразил, Парагвај |
Народ | Гварани |
Говорници | 4,650,000 во Парагвај (1995 г.), 200,000 во Аргентина |
Јазично семејство | туписки
|
Писмо | гваранска азбука |
Статус | |
Службен во | Парагвај Кориентес, Аргентина[1] Меркосур Бразил (регионален) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | gn |
ISO 639-2 | grn |
ISO 639-3 | gug |
Гваранскиот е единствениот староседелски јазик кој го зборува голем дел нестароседелско население. Ова е несекојдневна ситуација во Америка бидејќи староседелските народи низ историјата престанувале да ги зборуваат своите јазици и започнувале да зборуваат на шпански. Терминот „гварански јазик“ најчесто се користи да се означи парагвајската верзија на јазикот, но важно е да се напомене дека јазикот сочинува поголем дијасистем.