Гетингенски универзитет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гетингенски универзитет (германски: Georg-August-Universität Göttingen; службено наречен Гетингенски универзитет „Георг Август“) — истражувачки универзитет во градот Гетинген, Германија. Бил основан во 1734 година од Џорџ II, крал на Велика Британија и изборен кнез на Хановер и започнал со работа во 1737 година, со што универзитетот е најстар во сојузната покраина Долна Саксонија и најголем по број на студенти, што е околу 31.500 студенти.[5] Дом на многу познати личности, универзитетот претставува една од историските и традиционални установи во Германија. Гетинген е наречен „град на науката“.[6]
Georg-August-Universität Göttingen | |
латински: Universitas Regiæ Georgiæ Augustæ | |
Гесло | In publica commoda (латински)[1] |
---|---|
На македонски | За доброто на сите |
Вид | јавен |
Основан | 1734 |
Буџет | 1,119 млрд. €[2] |
Претседател | Улрике Бајзигел |
Административен кадар | 4.446[3] |
Студенти | 31.500[4] |
Место | Гетинген, Германија |
www.uni-goettingen.de |
Гетингенскиот универзитет бил претходно поддржуван од иницијативата на сојузното министерство за извонредност, има членство во „Група Коимбра“ и се поврзува со над 40 добитници на Нобелова награда. Понатаму, универзитетот одржува силни врски со големи истражувачки институти со седиште во Гетинген. Со околу 8 милиони единици материјал, Гетингенската државна и универзитетска библиотека спаѓа меѓу најголемите библиотеки во Германија.