Гиз
јазик во Етиопија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гиз (ግዕዝ, Gəʿəz [ɡɨʕɨz]) порано наречен етиопски, е стар јазик од групата на семитски јазици. Јазикот се зборувал во денешна Етиопија и Еритреја. Подоцна јазикот бил службен јазик на Аксумското кралство и етиопскиот двор.
Кратки факти Гиз, Изговор ...
Гиз | |
---|---|
ግዕዝ Gəʿəz | |
Изговор | [ɡɨʕɨz] (ги’из) |
Застапен во | Етиопија, Еритреја и Израел |
Изумрен | мртов.[1] Престанал да се говори (во IV век според [2]) (некое време пред XX век според [3]), денес во употреба како литургиски јазик.[4] |
Јазично семејство | |
Писмо | етиопско писмо (гиско) |
Статус | |
Службен во | литургиски јазик на Етиопската православна црква, Еритрејска православна црква, Етиопската католичка црква,[4] и Бета Израел[5] |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | gez |
ISO 639-3 | gez |
Затвори
Денес јазикот гиз опстојува во употреба само како литургиски јазик на Етиопската православна црква, Етиопската католичка црква и на еврејската заедница. Но за тие цели се користи и амхарскиот јазик во Етиопија, односно тигриња во Еритреја.