Голема Албанија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Голема Албанија — политички концепт кој има за цел да ги обедини сите етнички Албанци и територии каде што тие живеат, или наводно некогаш живееле, во еден ентитет. Може да се каже дека делумно признатата независност на Косово е една од фазите на овој проект, кој Албанците главно го нарекуваат „Етничка Албанија“ (-{Shqipëria e Madhe}-). Заедно со постоечката Албанија, терминот ги опфаќа териториите на соседните држави, вклучувајќи го Косово, Прешевската долина, териториите во јужна Црна Гора наречени Малесија, северозападна Грција (грчките регионални области Теспротија и Превеза, наречени од Албанците како Чемерија), и дел од западна Македонија.
Обединувањето на поголема површина во една територија под албанска власт беше теоретски покрената од Призренската лига, организација во XIX век која имаше за цел да ги обедини Албанските населени подрачја (и други региони) во еден автономен албански вилает во склоп на Отоманското Царство. Но сепак, концептот на голема Албанија во границите од 1913, беше единствено имплементиран де факто и де јуре под италијанска и нацистичко германска окупација на Балканот во текот на Втората светска војна.
Во некои територии на Балканот населени со Албанци, беа формирани вооружени сили во текот на 90-тите. Тоа беше Ослободителната војска на Косово (ОВК) која се бореше против Југословенските сили во Косовската војна, Косовскиот заштитен корпус, ОВПМБ која делубаше во Прешевската долина, ОНА во Македонија, и АНА.
Во САД постои големо лоби кои ја промовираат идејата за Голема Албанија. Лобито го формирал поранешниот американски конгресмен Џозеф Диогарди, кој е етнички Албанец.[1]