Грам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грам (ознака: гр, g) е еден илјадити дел (0,001) од главната единица за маса во SI системот - килограм (кг).[1] Всушност, имињата на сите останати единици за маса се изведени токму од името на оваа единица (со претставките според SI системот), иако поради историски причини за основна единица за маса е избран килограмот.
Малата маса се мери со помали единици од грамот. Оние што најчесто се користат се:
- сантиграм: 1 сг = 10-2 гр = 10-5 кг
- милиграм: 1 мг = 10-3 гр = 10-6 кг
- микрограм 1 μг = 10-6 гр = 10-9 кг
Најчеста примена грамот има при мерењето на масата на производите во готварството, а помалите единици од него најчесто се користат во фармакологијата.