Дари
периско наречје во Авганистан / From Wikipedia, the free encyclopedia
Дари (персиски: دری, Darī,) или дарископерсиски јазик (персиски: فارسی دری, Fārsī-ye Darī) е заеднички поим за источноперсиските дијалекти во Авганистан. Така, оваа група дијалекти се именува и како авганистанско-персиски јазик.[4][5] Иако всушност е персиски дијалект, сепак се именува како јазик бидејќи бил признаен како таков во 1964 година во Авганистан и станал службен јазик во државата покрај паштунскиот.[6][7] Дари е најзборуван јазик во Авганистан и истиот е мајчин јазик на околу 50% од вкупното население на државата.[4][8][9][10] Иранските и авганистанските дијалекти на персискиот јазик се доста разбирливи, но постојат одредени разлики во поглед на зборовниот фонд и фонологијата. Јазикот е лингва франка во Авганистан.
Кратки факти Дари, Изговор ...
Дари | |||
---|---|---|---|
Авсганистанскоперсиски јазик, дарископерсиски јазик دری | |||
Изговор | /dæˈɾi/ | ||
Застапен во | Авганистан | ||
Говорници | (околу 15-18 милиони[1] во 1992–2000 г.) Јазикот се зборува од околу 25% до 50% од населението во државата, а го разбираат околу 90% од население.[2] Јазикот исто така го разбираат околу 2,5 милиони во пакистан и Иран.[3] | ||
Јазично семејство | |||
Писмо | персиско писмо | ||
Статус | |||
Службен во | Авганистан | ||
Регулативен орган | Академија на науките во Авганистан | ||
Јазични кодови | |||
ISO 639-3 | Разни: prs — дари, авганистанскоперсиски aiq — ајмачки haz — хазарашки | ||
Linguasphere | 58-AAC-ce (Dari) + 58-AAC-cdo & cdp (Hazaragi) + 58-AAC-ck (Aimaq) | ||
|
Затвори