![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/3e/Declaration_of_Independence_of_Azerbaijan.png/640px-Declaration_of_Independence_of_Azerbaijan.png&w=640&q=50)
Декларација за независност на Азербејџан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Декларацијата за независност на Азербејџан (азерски: Azərbaycanın İstiqlal Bəyannaməsi) — декларација за независност на Азербејџанска Демократска Република од Руското Царство. Азербејџан прогласил независност во Тифлис на 28 мај 1918 година[1].
Декларација за независност на Азербејџан | |
![]() Оригиналниот текст на азербејџански јазик | |
Создаден | 28 May 1918 |
Место | Национален Музеј на Историјата на Азербејџан |
Намена | Прогласување на независност |
Азербејџанската Демократска Република била основана од Азербејџанскиот Национален Совет во Тифлис на 28 мај 1918 година по распадот на Руското Царство кое започнало со Руската револуција од 1917 година. Муслиманската застапеност во непостоечката Закавказска Република се конституирала во Национален Азербејџански Совет, а на 28 мај 1918 година објавил дека е „родена нова нација“. Дотогаш географската референца, Азербејџан по прогласувањето станало името на државата, а околу 2 милиони луѓе, наречени Татари, Закавказски муслимани и Кавкаски Турци, официјално станале Азери[2].