Дејан Дуковски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дејан Дуковски (Скопје, 25 април 1969 ) — истакнат македонски драмски автор. Дипломира драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1990). По дипломирањето работи како драматург во Македонската радио-телевизија (1990-1993). Во 1993 година на ФДУ е избран за асистент по предметот филмско и телевизиско сценарио, а од 1996 година е доцент на Катедрата за драматургија[1].