Дражен Петровиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дражен Петровиќ (Шибеник, 22 октомври 1964 – Денкендорф, 7 јуни 1993 ) беше југословенски и хрватски кошаркар, еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња. Неговиот постар брат е поранешен југословенски и хрватски кошаркар и тренер Александар Петровиќ. Дражен кариерата ја започнал во КК Шибенка, продолжил во КК Цибона и КК Реал Мадрид, со кој имаше најмногу успеси. Кариерата ја продолжил во НБА клубовите Портланд Трејл Блејзерс и Њу Џерси Нетс.
Со репрезентацијата на Југославија освои бронзен и сребрен медал на Летните олимписки игри во 1984. и 1988, а со репрезентацијата на Хрватска сребрен медал во 1992. Во 1985. година ја примил наградата „Златна значка“ на списанието Спорт, наградa за најдобар спортист во тогашна СФРЈ. Трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Германија на 7 јуни 1993. Неговиот придонес во НБА лигата е огромен и имал големо влијание во понатамошните трансфери на европските кошаркари во таа лига. Во 2008. година Здружението на европски професионални кошаркарски клубови и лиги УЛЕБ го избра меѓу 50-те луѓе кои се најзаслужни за развојот на кошарката во Европа.[1][2]