Е3 Саксо Банк Класик
белгиска велосипедска трка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Е3 Саксо Банк Класик (во минатото позната како Е3 БинкБенк Класик, Е3 Харелбеке, Харелбеке-Антверпен-Харелбеке и Е3-Прејс Вландерен) — годишна велосипедска трка во Фландрија, Белгија. Трката започнува и завршува во Харелбеке на околу 210 километри. Настанот е организиран од велосипедскиот клуб Ханд од Харелбеке и е влезен во календарот на Светската турнеја.
Датум | средина на март |
---|---|
Регион | Фландрија, Белгија |
Месно име | E3 Harelbeke (холандски) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Европска турнеја на UCI (2005–2011) Светска турнеја на UCI (2012–) |
Вид | Еднодневна трка |
Организатор | Ханд ин Ханд |
Директор на трката | Филип Вермерен |
Прво одржување | 1958 (1958) |
Одржувања | 65 (до 2023) |
Прв победник | Арман Дезме (БЕЛ) |
Најмногу победи | Том Бонен (БЕЛ) (5 победи) |
Неодамнешен победник | Ваут ван Ерт (БЕЛ) |
Е3 се одржува во средината на мартр и го обележува почетокот на „Фландриската велосипедска недела“ (Vlaamse Wielerweek), која продолжува со Брабант Пејл во неделата и етапната трка Три дена Де Пане во средината на неделата пред да се одржи класикот Трка околу Фландрија следната недела. До 2011, трката била одржувана во сабота; кога трката станал дел од Светската турнеја во 2012, трката била преместена во петок, за да им се даде ден одмор помеѓу трката Е3 и трката Гент-Вевелгем, која се одржува во недела.[1]