Европска комисија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европската комисија има 28 члена - по еден од сите земји-членки на Европската Унија. Сега, мандатот на комисијата е пет години, исто како и мандатот на Европскиот парламент. Пред да го именуваат претседателот на комисијата, земјите-членки го консултираат парламентот, а парламентот ја одобрува целата комисија, пред истата да биде формално именувана.
Европска комисија
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Status | Европска институција | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
улога | Извршно тело | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
основано | 1958 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
College | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Current college | Комисија на Баросо | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Претседател | Хосе Мануел Баросо | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Заменик-претседател | Кетрин Аштон | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Заменик-претседател | Вивиан Ридинг Јоакин Алмунија Сим Калас Нели Кроес Антонио Тахани Марош Шефковиќ | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вкупен број | 28 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Администрација | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јазици | англиски француски германија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Персонал | 25,019[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Место | Брисел, Белгија Луксембург |
При извршувањето на должностите, членовите на комисијата се обврзани да бидат целосно независни од своите национални влади и да дејствуваат само во интерес на Унијата. Само парламентот има право на укор на комисијата. Секој член на комисијата има конкретна одговорност за една или за повеќе области, меѓутоа одлуките се донесуваат врз основа на колективна одговорност.
Комисијата е, пред сè, чувар на договорите. Комисијата е непристрасен орган, кој се грижи за правилната примена на одредбите од договорите и на одлуките засновани на договорите. Комисијата може да иницира судска постапка против која било земја-членка и доколку е неопходно, да го упати случајот до Судот на правдата. Исто така, таа може да казни поединци или претпријатија, кога тие ги прекршуваат правилата на конкуренција на Унијата.
Комисијата е и катализатор на Унијата. Таа го има единственото право да иницира законодавство и може да влијае на секоја фаза од процесот што води во насока на донесување нов „Европски закон“. Во областа на меѓувладината соработка, во однос на изнесувањето на предлозите, комисијата ги има истите права како и одделни земји или членки.
И, конечно, комисијата е извршниот орган на Унијата. Тоа подразбира утврдување на правилата за спроведување на одредени членови од Договорот и за реализирање на одобрените буџетски средства наменети за активностите на Унијата. Најголем дел од средствата се обезбедуваат од главните фондови: Европскиот земјоделски фонд за насоки и гаранции, Европскиот социјален фонд, Европскиот фонд за регионален развој и Кохезиониот фонд. При реализацијата на своите извршни должности, комисијата често треба да бара мислење од комитетите на високи претставници од земјите-членки.
Административниот персонал на комисијата е главно сместен во Брисел (каде што се наоѓа седиштето на комисијата), а помал дел во Луксембург. Го сочинуваат приближно 15.000 службеници поделени во различни директорати - општи и сервисни служби. Износот на оперативните трошоци на Комисијата и на другите институции не надминува 5% од вкупниот буџет на Унијата.