Европско првенство во кошарка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европско првенство во кошарка — главен настан во кошарка одржуван на две години на кој учествувааат машките кошаркарски репрезентации членки на ФИБА Европа, европското подрачје во рамките на Меѓународната кошаркарска федерација. Првенството првпат било одржано во 1935 година и вообичаено се одржува на секои две години од 1947 година; започнувајќи од 2017 година, ќе се промени на четири години.[1] Од 2017 година, исто така ќе служи и како квалификациски турнир за Летните олимписки игри и Светското првенство во кошарка. Најуспешна земја е сега непостоечкиот Советски Сојуз со четиринаесет титули, додека Шпанија биле прваци во 2009 и 2011 година. Франција е најнеодамнешен првак, освојувајќи го Европското првенство во 2013 година.
Кратки факти Спорт, Основана ...
Спорт | Кошарка |
---|---|
Основана | 1935 |
Број на екипи | 24 |
Држава | членки на ФИБА Европа |
Тековен првак | Франција (1. титула) |
Најмногу титули | СССР (14 титули) |
Портал | www.FIBAEurope.com www.EuroBasket.com |
Затвори