Босански активист за човекови права From Wikipedia, the free encyclopedia
Едвин Канка Ќудиќ (31 декември 1988 во Брчко) е босански активист за човекови права, мајстор на боречки вештини, новинар и политиколог, кој е најдобро познат како водач на УДИК во Сараево.[1][2]
Едвин Канка Ќудиќ | |
---|---|
Координатор на УДИК | |
На должноста | |
Стапил 30 октомври 2013 | |
Претходник | Позиција создадена |
Лични податоци | |
Роден(а) | 31 декември 1988 Брчко, Социјалистичка Федеративна Република Југославија |
Живеалиште | Сараево, Босна и Херцеговина |
Установа | Универзитетот во Сараево Универзитетот во Анкара |
Занимање | Активист за човекови права |
Портал | www.udik.org |
Едвин Канка Ќудиќ дипломирал новинарство на Универзитетот во Сараево.
Во моментов е координатор на УДИК. Како координатор на УДИК, тој објавува и презентира на широката јавност документи за воените злосторства во Босна и Херцеговина, но исто така работи со мапирање на спомен обележјата на жртвите од последната војна во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и во Србија.[3][4]
Тој често беше предмет на закани од националистите на сите етнички групи во Босна и Херцеговина.[5] Во 2014, 2015 и 2017 година беше физички нападнат неколкупати во Сараево од националистички хулигани. Полицијата во Босна и Херцеговина не ги пронајде напаѓачите.[6]
2014. и 2018. во биографски речник "Кој е кој во БиХ" е ставен на листата од најзначајни луѓе во Босна и Херцеговина денес, кои преку својата работа и постапки придонесуваат за подобра БиХ и кои прават оваа земја да биде посреќно место за живеење.[7][8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.