Електрична намотка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Електричната намотка или калем[1][2] — пасивна компонента за зачувување на електричната енергија во форма на магнетно поле. Ознака за намотка е L. Нејзина наједноставна форма е спирално (во форма на федер) намотана жица со одреден број на намотки (кругови). Должината на намотаниот дел, бројот на намотки и пресекот на кругот на намотување се параметри од кои зависи индуктивитетот на намотката. Индуктивитетот се мери во хенри H. Најчесто намотките кои се користат во електрониката се од редот на nH (нанохенри), uH (микрохенри) и mH (милихенри).
Кратки факти Електрична намотка, Тип ...
Електрична намотка | |
---|---|
Електрична намотка - калем | |
Тип | пасивен елемент |
Принцип на работа | Индуктивност |
Ел. симбол | |
Затвори