Енеко Тур 2015
издание на Енеко Тур во 2015 година, холандско-белгиска друмска велосипедска трка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Енеко Тур 2015 — велосипедска друмска етапна трка, која се одржала во Холандија и Белгија помеѓу 10 и 16 август 2015 година. Било 11. издание на етапната трка Енеко Тур и претставувала дваесет и прва трка во сезоната на Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2015, трка 21 од 28[1] | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 10–16 август[2] | ||
Етапи | 7 | ||
Растојание | 1.120,7 км | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Тим Веленс (БЕЛ) | (Лото-Судал) | |
Втор | Грег ван Авермат (БЕЛ) | (Ванти-Груп Гобер) | |
Трет | Вилко Келдерман (ХОЛ) | (Лото НЛ-Џамбо) | |
Бодовен | Андре Грајпел (ГЕР) | (Лото-Судал) | |
Борбеност | Гејс ван Хуке (БЕЛ) | (Топспорт Вландерен-Балоас) | |
Екипен | Лото-Судал | ||
← 2014 2016 → |
Енеко Тур е необична трка во сезоната на велосипедизмот: главно е насочени кон класичните возачи отколку кон искачувачите. Првите три етапи биле подобни за спринтерите; четвртата етапа била поединечен хронометар, а последните три етапи биле подобни за класичните возачи. Елија Вивијани (Тим Скај) ја освоил првата етапа и бил првиот возач што ја облекол водечката маичка. Јеспер Аселман (Ромпот) го презел водството на втората етапа поради временските бонуси, пред да ја изгуби на хронометарот од Јос ван Емден (Лото НЛ-Џамбо). Вилко Келдерман (исто од Лото НЛ-Џамбо) го презел водството по петтата етапа, но го изгубил од Тим Веленс (Лото-Судал) следниот ден. Веленс го одбранил своето водство на завршната етапа и стигнал до победа на Енеко Тур втора година по ред; бил бранител на титулата од 2014 година. Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер) бил втор, додека Келдерман трет.
Бодовниот пласман го освоил Андре Грајпел (Лото-Судал), а борбениот пласман му припаднал на Гејс ван Хуке (Топспорт Вландерен-Балоас). Лото-Судал го освоил екипниот пласман.