Енио Мориконе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Енио Мориконе ОМРИ[1]; 10 ноември 1928 во Рим – 6 јули 2020 Рим) — италијански композитор, добитник на престижната филмска награда Оскар и Медал за заслуги за Македонија.[2]
Енио Мориконе | |
---|---|
Енио Мориконе во 2012 година | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Маестро, Дан Савио, Лео Николс |
Роден(а) | 10 ноември 1928(1928-11-10) Рим, Кралство Италија |
Починал(а) | 6 јули 2020(2020-07-06) (возр. 91) Рим, Италија |
Жанрови |
|
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1946–2020 |
Мреж. место | http://www.enniomorricone.org/ |
Енио Мориконе е роден во Рим на 10. ноември 1928. година. Познат по своите бројни филмски музички теми, напишал повеќе од 500 во целокупната своја кариера, од кои 30 напишал за вестерн филмовите. Сепак, најмногу познат е токму по нив. Неговиот карактеристичен и мошне имитиран стил на компонирање за овој жанр на филмови може да се долови преку музиката за филмот Добриот, лошиот и грдиот на режисерот Серџо Леоне со кого Енио Мориконе имал долга и плодна соработка.
Музичкото творештво на Мориконе вбројува исто така и голем број композиции кои не се направени за филмови и кои можат да се класифицираат во жанрот на современата музика: театарски опери, симфониски дела како и дела за оркестар и солисти, хорски композиции, камерна музика итн.
Енио Мориконе е академик и член на Националната академија Санта Чечилија како и долгогодишен член на престижното здружение Нова Хармонија која во Италија игра важна улога во ширењето и продукцијата на современата музика. Мориконе продал повеќе од 40 милони дискови.