Ерменски календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ерменски календар или староерменски календар — традиционален календар во Ерменија кој се користи и денес во Ерменската апостолска и Ерменската католичка црква.
Календар се заснова на неменливата година од 365 дена. Поради тоа, со време почнал постепено да се разидува со сончевиот и јулијанскиот календар, претекнувајќи го јулијанскиот за една година на секоја 1.461 календарски година. Затоа, првиот целосен циклус е исполнет во ерменската година 1461 (грегоријанска 2010/2011 г.).
Ерменската година 1 започнала на 11 јули 552 г. од јулијанскиот календар, а ерменската година 1462 започнала на 11 јули 2012 г. од истиот, што се совпаѓа со 24 јули 2012 г. од грегоријанскиот календар.
Календарот аналитички се претставува[1] со древното и христијанското име на денот во седмицата, името на денот во месецот, датумот, месецот и годината по 552 г. како и верските празници.
Ерменскиот календар е поделен на 12 месеци од по 30 дена, и уште пет престапни дена наречени авелјац („излишни“). Годините обично се претставуваат со ерменски бројки (кои се букви од ерменската азбука), пред кои стои скратеницата ԹՎcode: hy is deprecated (тв, скрат. од т’вин) со значење „во годината“. На пример, 1455 г. се претставува како ԹՎcode: hy is deprecated ՌՆԾԵcode: hy is deprecated .