From Wikipedia, the free encyclopedia
ЖРК ЧСМ Букурешт е женски ракометен клуб од Букурешт, Романија. Моментално се натпреварува во романската прва лига Лига Национала.
ЧСМ Букурешт | |||
---|---|---|---|
Целосен назив | Женски Ракометен Клуб ЧСМ Букурешт | ||
Прекари | Тигрици | ||
Основан | 2007 | ||
Игралиште | Поливалентна сала, Букурешт | ||
Приемност | 5.300[1] | ||
Престедател | Габриела Шабо | ||
Главен тренер | Адријан Василе | ||
Лига | Лига Национала | ||
2018–2019 | 2ри | ||
Бои | |||
Клупски бои | |||
Дресови | |||
Мреж. место Матична страница |
Клубот е основан во 2007 година и оттогаш четири пати бил Шампион на Романија (2014-2015, 2015-2016 и 2016-2017, 2017-2018), четири пати освојувач на купот (2016, 2017, 2018 и 2019), и трипати на Суперкупот на Романија (2016, 2017, 2019). Исто така клубот бил и европски шампион во сезоната 2015-2016 кога во својата дебитантска сезона во Лигата на шампионите стигнале до финалето и таму го совладале унгарскиот Ѓер.
Својте домашни натпревари ЧСМ ги игра во Поливалентната сала во Букурешт која има капацитет од 5.300 седечки места.
Клубот е основан со Одлука на Генералниот совет на Букурешт бр.153/19.06.2007,[2] како женска ракометена екипа во асоцијацијата на полиспортското друштво, ЧСМ Букурешт. Тимот се активирал во ниските ракометни лиги во наредните две сезони, без забележителни резултати. По завршувањето на сезоната 2008-2009, екипата на Рапид Букурешт се соочила со сериозни финансиски проблеми по повлекувањето на главниот спонзор, а 11 од ракометарките на клубот заедно со тренерот Василе Маргалеску, се преселиле во ЧСМ Букурешт.[3] Со неколку искусни играчи како Алина Добрин, Кристина Николае и Андреа Кручеану, ЧСМ Букурешт освоил 18 победи во Дивизијата А (втора лига на Романија во ракомет за жени) и изборил промоција во Лига Национала.[4]
Почнувајќи од 2010 година, ЧСМ Букурешт станал постојан член на Лига Национала, а во својата прва официјална сезона во првата лига, тимот успева да ја заземе третата позиција, зад Олчим Валеа и Универзитатеа Клуж. Овој резултат му донел можност на клубот за првпат да учествува во европските натпреварувања : во сезоната 2011-2012 ЧСМ Букурешт дебитирал во Купот на ЕХФ, каде што го поразиле полскиот Селгрос Лублин во двомеч.[5] Тимот стигнал до шеснаесттина финалето од ова натпреварувања, каде што бил поразен од Залау.[6] ЧСМ Букурешт се одржил во Лига Национала, но без којзна какви резултати; почнувајќи од 2012 година, нивото на игра на клубот е намалено, а сезоната 2012-2013 ја завршиле на 8. место.
На почетокот на 2014 година, како резултат на лошите резултати на ЧСМ Букурешт, тренерот Василе Марулеску бил отпуштен и на негово место била доведена Данкињата Мете Клит.[7] Веднаш потоа се огласиле и претставниците на клубот кој изјавиле дека имаат намера да го претворат ЧСМ Букурешт во екипа што ќе се бори за освојување на националната титула, а потоа да игра и во Лигата на шампионите.[8] Почнувајќи од февруари 2014 година, клубот започнал трансфер кампања, која имала за цел да донесе играчи од висока класа во тимот со кои раководството на клубот се надевало дека саканата цел ќе може да се постигне. Во пролетта 2014 година, меѓу останатите кој потпишале за букурешкиот клуб биле: Патриција Визиту, Јулија Куреа, Мајса Песоа, Ана Паула Родригес, Оана Манеа, Талида Толнаи, Деонис Кавалеиро, Фернанда да Силва, Кармен Мартин и Линеа Торстенсон.[9][10][11][12]
Во рамките на подготовките за новата сезона, од 21 до 24 август 2014 година, клубот бил домаќин на првото издание на пријателскиот турнир Трофеј Букурешт.[13] Настанот, најавен од романскиот медиуми како "најпрестижниот пријателски турнир кој се играл во Романија", се одржал во друштво на врвни екипи од Европа, вклучувајќи го и ЖРК Будуќност (финалист во 2014 година во Лигата на шампионите).[14] ЧСМ Букурешт победил во сите свои натпревари и го освоил трофејот, откако во финалето на турнирот го поразиле токму Будуќност, со резултат 24-20.[15]
На 30 август, новиот тим на ЧСМ дебитирал во Лига Национала, во натпреварот против Залау.[16] Натпреварот завршил со победа за клубот од главниот град на Романија, а по неа следела серија од седум победи едноподруго.[17] Во еден од овие натпревари, претставници на клубот настапувале без официјалните значки, а Романската ракометна федерација (FRH) одлучила да му ја додели победата на спротивниот тим и да го казни ЧСМ Букурешт со одземање на еден бод.[18] Првиот пораз на клубот на домашната сцена се случил, на гостувањето кај екипата на Баја Маре, главниот конкурент за титулата таа сезона,[19] со 24-21.[20] Сепак "Тигриците", предводени од бразилскиот среден бек Ана Паула Родригес, останале без пораз во националната лига до крајот на натпреварувањето за таа сезона. ЧСМ исто така и се реванширал на екипата на Баија Маре за поразот во првиот дел од сезоната, победувајќи ја на домашен терен во март 2015 година, со резултат 29-23,[21] за време на кој посебно се истакнале Родригес, Линеа Торстенсон, Кармен Мартин и голманката Мајса Песоа.[22] Иако на крајот од регуларниот дел од сезоната ЧСМ Букурешт завршил на второто место во Лига Национала, во пролетта 2015 година, клубот триумфирал во Лига Национала освојувајќи ја првата своја титула во романското првенство.[23] Во плејофот на Лига Нациоанала, ЧСМ Најпрво ги елиминирал екипите на Дунареа Браила и Корона Брашов,[24][25] а потоа во финалето со две последователни победи биле подобри од соперникот Баија Маре.[26] Така по серијата одлични резултати во плејофот (6 победи без ниту еден пораз), екипата на ЧСМ предводена од Мете Клит на 26 мај 2015 година била крунисана за шампион на Романија, за првпат во својата историја.[27] Соперништвото на ЧСМ Букурешт и Баија Маре продолжило и во финалето на другите две натпреварувања: Купот и Суперкупот на Романија, каде и двата трофеи и припаднале на екипата од Марамуреш.[28][29]
Со освојувањето на националната титула во 2015 година, ЧСМ Букурешт добил право да игра во Лигата на шампиони, најпрестижното меѓународно натпреварување.[30] Во желбата да предложи што подобар настап, со цел да има подобар тим за новата сезона клубот направил голем број важни трансфери како: швеѓанката Изабел Гулден (МВП на Европското првенство 2014)[31] искусниот среден бек Мика Брадеану, и Данкињите Лине Јоргенсен и Марија Фискер му се приклучиле на тимот,[32] додека неколку играчи кој го напуштиле клубот биле: Талида Толнај, Ирина Глибко и Патриција Визитиу.[30] Помеѓу 20 и 23 август ЧСМ Букурешт бил домаќин на второто издание на пријателскиот турнир во Букурешт. Овој пат, "тигриците" ги совладале екипите на Корона Брашов и ЖРК Вардар[33] а во финалето во многу избалансиран натпревар повторно како и пред една година го совладале Будуќност (победник на Лигата на Шампионите 2015), со резултат 26-27.[34] Во септември 2015 година имало промена на тренерското место, каде Мете Клит била заменета од страна на друг данец Ким Расмусен како главен тренер.[35]
Под раководството на тренерот Ким Расмусен, ЧСМ Букурешт имал серија од 25 последователни победи во домашното првенство, вклучувајќи ја и победата на домашен натпревар над Баија Маре, екипа која и во оваа сезона останала главен против кандидат за титулата.[36] Така, клубот ја освоил својата втората титула шампион на Романија во април 2016 година.[37] Единствениот пораз дошол на гостувањето кај Баија Маре, во последното коло од првенството, кога ЧСМ веќе математички ја имал обезбедено титулата.[38] Исто така, сезоната 2015-2016 донела уште други два успеха за клубот од Букурешт: освојувањето на Купот на Романија (против Баија Маре во полуфиналето и Роман во финалето),[39] како и Суперкупот на Романија (против Роман).[40] Така, на крајот од сезоната ЧСМ Букурешт ги освоил сите три можни трофеи во Романија, како прв клуб од главниот град на Романија кој успеал да го постигне ова.[41]
На европската меѓународна сцена, ЧСМ Букурешт го имал своето деби во Лигата на шампионите во прелиминарната група заедно со Будуќност, ИК Савехоф и МКС Селгорос Лублин.[42] Двете победи против екипите од Шведска и Полска, но и ремито против црногорскиот тим, му донеле на клубот второ место во оваа група и плсаман понатаму.[43] Во следната фаза на натпреварувањето, соочен со повреди на некој од ракометарките,[44] како и со финансиската нестабилност,[45] ЧСМ не можел да се спротивстави на силните екипи како Ѓер и Вардар забележувајќи четири порази по два од двете споменати екипи. Сепак, "тигриците" имале акумулирано доволен број на бодови за да се квалификуваат во четвртфиналето на турнирот, од четвртото место во групата што автоматски значело дека ќе играат со најдобрата екипа од другата група, рускиот Ростов-Дон кој бил непоразен оваа сезона во Лигата на шампионите и се сметал за еден од најголемите фаворити за титулата. Сепак, ЧСМ успеал да направи големо изненадување совладувајќи го Ростов со еден гол разлика во двата натпревари (26-25 во Букурешт и 29-28 во Русија), и така се пласирале на фајналфорот.[46] На фајналфорот на кој учетвувале четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите за сезоната, одржани во Будимпешта на 7 и 8 мај 2016 година, екипата на ЧСМ Букурешт во полуфиналето го победила Вардар со 27-21 и се квалификувала за првпат во големото финале на натпреварувањето.[47] На крајот, во финалето клубот го совладал Ѓер со 29-26 во многу изедначен натпревар, чиј исход бил одлучен дури по две продолженија и изведување на удари од 7 метри (по кои било 4-1 за ЧСМ), во кои Мика Бредеану го постигнала победничкиот гол за екипата од Букурешт.[48] Во финалето, значителен придонес за победата имала швеѓанката Изабел Гулден, која постигнала дури 15 од головите на ЧСМ.[48] Таа исто така бил најдобар стрелец на натпреварувањето за сезоната со 108 постигнати гола, додека хрватската голманка Јелена Грубишиќ била именувана за МВП на фајналфорот.[49] Со освојувањето на овој трофеј, ЧСМ Букурешт повторно ја донел титулата европски шампион во Романија по пауза од 52 години. Последната победа на некоја романската екипа во ова натпреварување пред тоа датирала од 1964 година кога европски шампион бил Рапид Букурешт.[50]
ЧСМ Букурешт пристапил во натпреварувачката сезона 2017-2018 со неколку важни промени. Од клубот си заминале шпанката Кармен Мартин и швеѓанката Линеа Торстенсон, како и Кристина Варзару и Мика Брадеану кои ги завршиле нивните ракометни кариери, но ЧСМ се засилил со доаѓањето на Кристина Њагу (избрана за Најдобар играч на светот во 2016 година),[51] норвежанките Аманда Куртовиќ и Марит Малм Фрафјорд (многукратни европски, светски и олимписки шампионки),[52] и швеѓанката Натали Хагман (избрана за Ол Стар десно крило на Олимпискиот турнир 2016).[53] Исто така, функцијата тренер ја презела данкињата Хеле Томсен која исто така е тренер и на холандската репрезентација.[54]
Хронологија на ЧСМ Букурешт | ||
---|---|---|
|
|
|
|
|
Последно ажурирана на 12 февруари 2018
Топ 10 стрелци на клубот во Лигата на шампионите
Сè уште игра за клубот.
|
Топ 10 стрелци во домашните натпреварувања
|
Сезона | Име | Награда |
---|---|---|
2015–16 | Изабел Гулден | Најдобар стрелец (108 гола) |
Јелена Грубишиќ | МВП на Фајналфор | |
2016–17 | Кармен Мартин | Ол-стар тим (десно крило) |
2017–18 | Кристина Њагу | Најдобар стрелец (110 гола) |
2018–19 | Јованка Радичевиќ | Ол-стар тим (десно крило) |
Година | Име | Награда |
---|---|---|
2015 | Изабел Гулден | Најдобра странска ракометарка |
2016 | Изабел Гулден | Најдобра странска ракометарка |
Паула Унгуреану | Најдобра романска ракометарка | |
2017 | Изабел Гулден | Најдобра странска ракометарка |
Кристина Њагу | Најдобра романска ракометарка | |
Период | Тренер |
---|---|
јуни 2007 — 4 февруари 2014[55] | Василе Маргулеску |
4 — 18 февруари 2014 | Лучијан Гиулаи |
19 февруари 2014[56][57] — 16 септември 2015 | Мете Клит |
16 септември 2015 — 30 мај 2016 | Ким Расмусен |
30 мај 2016[58] — 7 ноември 2016 | Јакоб Вестергор |
7 ноември 2016[59] — 1 април 2017[60] | Аурелиан Рошка |
1 април 2017 — јуни 2017 | Пер Јохансон |
јуни 2017[61] — 16 март 2018[62] | Хеле Томсен |
29 март 2018[63] — 16 мај 2018[64] | Пер Јохансон |
6 јули 2018[65] — 17 октомври 2018[66] | Магнус Јохансон |
18 октомври 2018[66] — мај 2019 | Драган Ѓукиќ |
јуни 2019[67] — 1 октомври 2019[68] | Томас Риде |
1 октомври 2019[68] — | Адријан Василе |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.