Забранет Град
From Wikipedia, the free encyclopedia
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | Културно: i, ii, iii, iv |
Навод | 439 |
Запис | 1987 (XI заседание) |
Дополнувања | 2004 |
- - - Приближна делбена линија помеѓу Внатрешниот (северен) и Надворешниот (јужен) двор.
A. Меридијанска порта B. Порта на божествената сила C. Западна славна порта D. Источна славна порта E. Аголни кули F. Порта на врховната хармонија G. Сала на врховната хармонија |
H. Сала на военото достоинство J. Сала на книжевната слава K. Јужни три дворци L. Дворец на божествената чистота M. Царска градина N. Сала на умствената култивација O. Дворец на спокојната долговечност |
Забранет Град или Забранет Дворец (кин. 紫禁城, пинјин: Zǐjìn Chéng, мак. Цеџин ченг - букв. „Виолетов забранет град“), сместен точно во центарот на стариот град Пекинг — царски дворец за време на династиите Минг и Ќинг. Денес е познат како „музеј-дворец“ (кинески: 故宫博物院, пинјин: Gùgōng Bówùyùan), и комплексот зафаќа површина од 720.000 м², 800 објекти со 8.000 простории. Како таков, тој според УНЕСКО важи за најголемата збирка на зачувани стари дрвени градби во светот, и бил прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО во 1987 г. како „Царски дворец на династиите Минг и Ќинг“. Дворецот се наоѓа северно во непосредна близина на Тјенанменскиот плоштад и во него може да се влезе преку Тјенанменската порта. Неговото опкружување се нарекува Царски град.
Иако во него повеќе не живее царското семејство, Забранетиот Град е симбол на кинеската државност и сликата на главната порта стои на амблемот на НР Кина. Музејот во него е една од најголемите туристички атракции во светот. Во последно време се одвиваат многу реновации кои го имаат ограничено пристапот на неколку внатрешни дворишта и градини.