Минг (династија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Династијата Минг, исто така наречена Царството на Големиот Минг, била владејачката династија во Кина цели 276 години (1368-1644) после колапсот на монголската династија Јуен. Минг, опишана од некои како една од најголемите ери на уредно владеење и социјална стабилност во човековата историја, била последната династија во Кина предводена од етнички Хан кинези. Иако главниот град Пекинг паднал во 1644 година при бунт предводен од Ли Цеченг (кој ја основал Шуен, која подоцна била заменета со манџурската династија Ќинг), режимите лојални на Минг — збирно наречени Јужен Минг - преживеале сè до 1662.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Царот Хунгву (владеел 1368-98) се обидел да создаде општество на самоодржливи рурални заедници подредени во ригиден, немобилен систем кој би гарантирал и издржувал трајна класа војници за неговата династија. Постоечката војска на империјата броела над 1 милион војници а морнаричките пристаништа во Нанѓинг биле најголемите во светот. Исто така се погрижил за кршењето на моќта на дворските евнуси и неповрзаните магнати, давајќи им земја низ цела Кина на многуте негови синови и се обидел да ги води овие принцови преку публикувани династички инструкции. Ова пропаднало спектакуларно кога неговиот наследник-тинејџер се обидел да ја сопре моќта на својот вујко, предизвикувајќи го востанието кое го поставило Принцот од Јан на престолот како царот Јонгл во 1402. Царот Јонгл го поставил Јан како секундарен главен град и го преименил во Пекинг, го изградил Забранетиот град, и повторно го пуштил во употреба Големиот Канал. Го вратил и приматот на империјалните испитувања во официјални состаноци. Ги наградил своите следбеници-евнуси и ги вработил како противтежа на конфуцијанските учени-управници. Еден, Зенг Хе, водел седум огромни истражувачки патувања во Индискиот Океан сè до Арабија и брегот на Африка.
Појавата на нови цареви и нови фракции ги намалило ваквите екстравагантности; а целосно завршиле со заробувањето на Царот Џенгтунг за време на Кризата Туму од 1449 година. Со принудна работа се изградила палисадата Љаодунг а се поврзал и утврдил Кинескиот ѕид во својата тогашна форма. Широки пописи на населението низ целата империја се спроведувале на секои 10 години, но желбата да се избегне работа и даноци и тешкотиите при складирање и прегледување на огромните архиви во Нанѓинг оневозможувале точни бројки. Проценки за подоцнежната популција на Минг варираат од 160-200 милиони. Но потребните приходи биле црпени од се помал број на фармери бидејќи сè повеќе исчезнувале од официјалните досиеа или ја “донирале” својата земја на евнуси или храмови изземени од плаќање данок. Законите Хајџин кои биле со намера да ги заштитат бреговите од Јапонските пирати наместо тоа успеале да претворат дел од своите граѓани во шверцери и пирати.
Сепак до 16 век, експанзијата на европската трговија – иако ограничена на острови близу Гуангџоу, како Макао – ја раширила размената на земјоделски култури, растенија и животни во Кина, донесувајќи чили пиперки во сичуанската кујна и високо продуктивните жито и компири, кои го намалиле гладот и го поттикнале растот на населението. Растот на Португалската, Шпанската и Холандската трговија создала нова побарувачка за кинеските производи и произвела масивен увоз на јапонско американско сребро. Оваа поволност и дозволило на Минг конечно да ги избегне книжните банкноти, кои започнале хиперинфлација во 1450-тите. Иако традиционалните конфуцијанци се противеле на оваа улога на трговијата, власта под Ванг Јангминг овозможила уште поголема комотност. Почетните успешни реформи на Џанг Јуженг се покажале катастрофални кога намаленото земјоделство предизвикано од Малото Ледено Доба било пресретнато со јапонски и шпански политики кои брзо го прекинале дотурот на сребро кое сега им било потребно на луѓето за да плаќаат даноци. Заедно со пропаднатите жетви, поплавите и епидемија, се сметало дека династијата го загубила Небесен мандат и паднала пред бунтовникот Ли Цеченг и манџурската инвазија.