![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/7d/VEF_Zevs.jpg/640px-VEF_Zevs.jpg&w=640&q=50)
Зевс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во старогрчката митологија, Зевс е крал на боговите, владетел на планината Олимп и бог на небото и громот. Негови симболи се громот, орелот, волот и дабот. Поради неговото индоевропско наследство, класичното „собирач на облаци“ доведува одредени иконографски особини од културите на Древниот Близок Исток, како на пример жезлото. Зевс е често прикажуван од грчките уметници во две пози: стоејќи, исчекорено нанапред, со гром во неговата подигната десна рака или седнат на престол. Зевс имал блескав штит („егида“), направен од кожата на козата што го хранела на островот Крит, а во средината на штитот е прикажана главата на Горгна.[1]
Зевс | |
---|---|
![]() Jupiter de Smyrne, откриена во Смирна во 1680 г. | |
Крал на боговите Бог на Небото и Громот | |
Живеалиште | Олимп |
Симбол | Гром, орел, вол и даб |
Сопружник | Хера |
Родители | Хрон и Реја |
Браќа/сестри | Посејдон, Ад, Деметра, Хестија, Хера |
Деца | Арес, Атена, Аполон, Артемида, Афродита, Дионис, Хеба, Хермес, Херкул, Елена Тројанска, Хефест, Персеј, Минос, Музите |
Јава на | Олимп |
Римски пандан | Јупитер |
Зевс бил дете на Хрон и Рија, а бил најмлад од своите браќа и сестри. Во повеќето традиции, тој е оженет со Хера, иако кај пророкот на Додон, негова придружничка е Диона: според Илијада, Афродита е негова ќерка од Диона. Познат е по своите еротски лудории. Ова се резултирало во многу божествени и херојски потомци, вклучувајќи ги Атена, Аполон и Артемида, Хермес, Персефона (од Деметра), Дионис, Персеј, Херакле, Елена Тројанска, Минос и Музите (од Мнемозина); што се однесува до деца кои ги имал со Хера, најчесто се вбројуваат Арес, Хеба и Хефест.[2]
На грчки, името на богот е Ζεύς Zeús /zdeús/ или /dzeús/ (на модерно грчки /'zefs/) во номинатив и Διός Diós во генитив. Негов римски еквивалент бил Јупитер, а етрурски, Тиниј. Во хинди митологијата негов еквивалент е богот Индра, со оружје слично на громот, кое тој можел да го држи како стап.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/7d/VEF_Zevs.jpg/640px-VEF_Zevs.jpg)