Земјина орбита
From Wikipedia, the free encyclopedia
Земјина орбита — патеката која ја опишува Земјата при нејзиното движење околу Сонцето на просечно растојание од 149,60 милиони км[1]. Една обиколка трае точно 365,256 дена (1 ѕвездена година), и за тоа време поминува 940 милиони км.[2] Занемарувајќи го влијанието од други тела во Сончевиот Систем, Земјината орбита е елипса со тежиште Земја-Сонце како едно жариште и тековна занесеност од 0,0167. Бидејќи оваа вредност е блиску до нула, средиштето на орбитата е релативно блиску до средиштето на Сонцето (во однос на големината на орбитата).
Гледајќи од Земјата, орбиталното напредно движење на планетата ни дава печаток дека Сонцето се движи во однос на други ѕвезди за 1° источно секој сончев ден (деноноќие).[б 1] Земјината орбитална брзина изнесува просечно 29,78 км/с (107.208 км/ч), што е доволно брзо за да го помине пречникот на планетата за 7 минути, а растојанието до Месечината за 4 часа.[3]
Гледајќи од точна над северниот пол на Сонцето или Земјата, Земјата делува како да се врти спроти часовникот околу Сонцето. Од истото гледиште, и Земјата и Сонцето делуваат како да се вртат спроти часовникот околу сопствените оски.