Знаме на Сингапур
From Wikipedia, the free encyclopedia
Знаме на Сингапур — официјално знаме на државата усвоено во 1959 година кога Сингапур станал самоуправувачка територија на Велика Британија. Кога државата се стекнала со целосна независност, знамето станало и национално на 9 август 1965 година. Знамето е составено од две хоризонтални ленти во црвена и бела боја. На црвната лента има приказ на бела полумесечина и пет ѕвезди.
Црвената боја симболизира универзално вратство и еднаквост на луѓето и белата боја симболизира чистота. Полумесечината симболизира млада нација, додека секоја ѕвезда претставува демократија, мир, прогрес, правда и еднаквост.[1]