Индиски национален календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Индиски национален календар, понекогаш наречен шаливахански сачки календар — календар во употреба во Индија заедно со викранмскиот календар и широко застапениот грегоријански календар. Често се среќава во државниот службен весник, во вестите, Сеиндиското радио и службените дописи на Владата на Индија.[1] Создаден е со одлука на посебна комисија, која разгледувала голем број индиски календари и имала за цел да утврди еден календар за обединета и независна индија. Календарот стапил на сила во 22 март 1957 г. по грегоријански.[2]
Сачкиот календар се користи и во други краишта поради индиското влијание низ историјата. Такви места се островите Јава и Бали, каде е во употреба меѓу индонезиските хиндуисти. Сачката нова година на Бали се слави како празникот Њепи („Ден на тишината“). Непалскиот календар води потекло од сачкиот. Сачкиот календар се користел и во неколку подрачја на денешните Филипини, за што сведочи Лагунскиот бакрорезен натпис — единствениот стар првоизворник за хиндуизмот во земјата.
Поимот може да се однесува и на хиндуистичкиот календар; шаливаханската ера неретко се користи и во други календари и има сончеви години.