Исламски календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Исламски календар или муслимански календар (арапски: التقويم الهجري; персиски: تقویم هجری قمری турски: Hicri Takvim; уште се нарекува и хиџрански календар) — месечев календар кој е во службена употреба во многу муслимански земји, а исто така се користи од сите муслимани во одредувањето на верските празници.
Дел од темата |
Верувања и обичаи |
Божје единство |
Главни дејци |
Мухамед |
Текстови и Закони |
Куран • Хадис • Шеријат |
Гранки на исламот |
Социополитички аспекти |
Академци • Филозофија |
Поврзано |
Исламски лексикон |
Календарот е месечев, составен од дванаесет месеци, а годината трае околу 354 дена. Бидејќи месечевата година има 11 дена помалку од сончевата, исламските празници, иако се прославуваат на фиксни дати според нивниот календар, обично се поместуваат за 11 дена порано секоја следна сончева година, т.е. според грегоријанскиот календар.
Првата година од календарот се вика Хиџра, годината кога пророкот Мухамед се преселил од Мека во Медина, и календарот ги брои годините од тој настан.[1]