Источни железници
From Wikipedia, the free encyclopedia
Источни железници или Ориентална железница (позната и како: Македонска железница[1]; француски: Chemins de fer Orientaux; турски: Rumeli Demiryolu) — отоманско железничко претпријатие кое работело во Румелија (европскиот дел на Отоманското Царство), кое постоело од 1870 до 1937 година.[2] Претпријатието било едно од петте пионерски железници во Отоманското Царство и ја изградило главната линија на Балканот. Помеѓу 1889 и 1937 година, низ пругите на железницата поминал светски познатиот Ориент-експрес.
Железницата била основана во 1870 година со цел изградба на линија од Истанбул до Виена. Поради многуте политички проблеми на Балканот, изградбата започнувала и застанувала, а сопствеништвото често се менувало или делело. До 1888 година, претпријатието не ја исполнило својата цел, а по Првата балканска војна во 1912 година, железницата работела само во Источна Тракија. Железницата продолжила како регионална железница до 1937 година, кога била припоена во Турските железници.[2]