Ињевско-конечка парохија
парохија на МПЦ-ОА / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ињевско-конечка парохија — македонска православна парохија, дел од Радовишкото архијерејско намесништво на Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Нејзино седиште е црквата „Вознесение Христово“ во селото Ињево. Парохиски свештеник е Златко Пуреовски.[1]
Парохијата ги опфаќа селата: Ињево и Дедино и Лакавичките села: Конче, Долни Липовиќ, Горни Липовиќ, Ракитец, Загорци, Лубница, Габревци, Скоруша и Гарван.