Каиро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Каиро (арапски القاهرة, al-Qahira =„Победничкиот“) — главен град на Египет, а воедно и најголем град во Африка и на Арапскиот Полуостров. Градот се протега од обете страни на јужниот дел на делтата на реката Нил. Градот бил за време на своето постоење центар на многубројни култури во Египет. Каиро е политички, економски и културен центар на Египет и на Блискиот Исток. Градот е престолнина на египетската влада, парламентот како и на сите државни, религиозни структури и дипломатски претставништва во Египет.
Кратки факти Каиро القاهرة, Држава ...
Каиро القاهرة | |||
---|---|---|---|
Главен град | |||
| |||
Прекар(и): Градот на илјада минариња | |||
Држава | Египет | ||
Мухафаз | Каиро | ||
Прво големо основање | 641–642 год. (Фустат) | ||
Последно големо основање | 969 год. (Каиро) | ||
Површина[б 1][1] | |||
• Метро | 2,734 км2 (1,056 ми2) | ||
Надм. вис. | &1000000000000002300000023 м | ||
Население (2018) | |||
• Главен град | 10,100,166[2] | ||
• Метро[3] | 22,183,000 | ||
Часовен појас | EST (UTC+02:00) | ||
Поштенски код | од 11511 до 11938[4] | ||
Повик. бр. | (+20) 2 | ||
Мреж. место | cairo.gov.eg | ||
Службен назив: Историско Каиро | |||
Тип: | Културно | ||
Критериуми: | i, v, vi | ||
Прогласено: | 1979 | ||
Број | 89 | ||
Затвори