Каролина Гочева
македонска пејачка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Каролина Гочева (родена на 28 април 1980) — македонска поп-пејачка, родена во Битола. Честопати е позната и само по името Каролина. Ја започнала музичката кариера во 1991 година со настап на локалното детско шоу и продолжила да учествува во наредните години, добивајќи се со признание за нејзиниот талент. Во 1992, го издава својот прв детски албум насловен Мамо, пушти ме. Потпишува договор со издавачката куќа Авалон продукција во 2000.
Каролина Гочева | |
---|---|
Каролина Гочева. | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Каролина |
Роден(а) | 28 април 1980 Битола, СР Македонија, СФРЈ |
Жанрови | Поп |
Занимања | Пејачка |
Инструменти | Вокал |
Период на активност | 1991— |
Издавачи | Авалон продукција |
Мреж. место | www.karolinagoceva.net |
Дискографијата на Гочева се состои о девет музички албуми коишто опфаќаат поп, R&B, рок, традиционални фолк и етно, џез и светски музички стилови. Кратко откако го потпишала договорот со Авалон продукција, Гочева го издала првиот студиски албум Јас Имам Песна, којшто ја вклучува песната „Немир“ снимена со Тоше Проески. Нејзиниот втор, трет и четврти студиски албум Зошто сонот има крај, Знаеш колку вредам и Во заборав биле издадени во 2002, 2003 и 2005, последователно. Додека нејзините први пет албуми се претежно во стилот на поп, R&B и рок, подоцнежните издадени дела Македонско девојче (2008), Македонско девојче 2 (2014) и Извор (2018) вклучувале елементи од македонската традиционална музика и џез. Оваа промена во звукот води до зголемена популарност, широка прифатеност од публиката и распродадени концерти во Северна Македонија, Србија и Бугарија. Нејзиниот деветти студиски албум, во сорапотка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, Песни за љубов и копнеж, е издаден на 24 декември 2022. Десеттиот очекуван студиски албум е најавен како поп проект којшто е најавен со синглот „Дај на сунце“ (македонски: „Дај на сонце“) и се очекува да биде издаден кон крајот на 2024.
Ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија во 2002 година во Талин, Естонија, со песната „Од нас зависи“ каде се пласира на 19-то место.[1][2] Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапува со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето. Гочева има освоено многу награди и признанија во Северна Македонија како и другите Балкански церемонии за награди. Широко е позната како најпознатата македонска поп пејачка за што ги добива називот „македонска поп принцеза/кралица“ и „поп дива“. Иако најголемиот број од нејзините песни се испеани на македонски, Гочева исто така има издадено албуми на српскохрватски и англиски што довело до зголемена популарност во Бугарија и екс-Југословенските држави како Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска. Покрај тоа, Гочева е позната по нејзиниот лежерен моден стил за којшто често соработува со Цаци Пакоска. Со нејзината музичка работа, Гочева придонесува во кампањи против злоупотреба на дрога и рак на грлото на матката.